Четворица Македонци во Бундес лигата која стартува денеска

Во новата сезона од Бундес лигата која годинава ќе брои 20 екипи ќе има четворица македонски интернационалци од кои тројца се актуелни репрезентативци на Македонија.

Годинава во Бундес лигата Македонија ќе има и играч тренер во Филип Миркуловски, кој ќе биде помошник во тимот на Вецлар, но ќе биде и нa листата на играчи во екипата така што ќе има двојна улога.

Тој првата средба во новата сезона ќе ја има пред своја публика, а гостува составот на Флензбург кој во новата сезона од Лигата на шампионите стартуваше со три победи на три натпревари.

Филип Кузмановски направи трансфер, па во новата сезона ќе го носи дресот на Хановер. Тој дојде во оваа екипа од Магдебург, а сеочекува да добие многу повеќе шанса за да игра. Кузмановски и Хановер почнуваат на свој терен и првиот натпревар го имаат денеска од 19 часот. Ривале составот на Минден.

Денеска на терен ќе се најде и Мартин Томовски. Тој со тимот на Лудвигсхафен има тешко гостување кај Лајпциг. И овој дуел почнува од 19 часот, а очекувањата се да има големо надигрување за бодови. Томовски имаше добра форма во подготвителниот период и се очекува да успее да го крене уште повеќе нивото на одбрани како ќе одминува времето.

Четвртиот ракометар од Македонија е Жарко Пешевски, кој со Штутгарт стартот на сезоната ќе го има в недела. Штутгарт ќе гостува кај составот на Рајн Некар и ова ќе биде интересна средба. Ќе биде добро да се види колку Пешевски и колегите се подготвени за новата сезона.

Според она што се прикажуваше на теренот во подготвителниот период не е никаква тајна дека главниот збор одново ќе го имаат Кил и Флензбург. Рајн Некар веќе заостанува и пројавува одредени проблеми во играта, па неизвесное дали ќе можедаодигра на ниво кое е потребноза да влезе во трка за титулата.

Јасно е дека нема да има веќе проблеми со термини со Лигата на шампионите која повеќе не се игра за викенд така што сега ќе можат сите клубови да одиграат според планираното. Инаку, бројот на клубови беше зголемен поради ситуацијата со коронавирусот и неможноста сезоната да биде финиширана на терен. Затоа на крајот од годинта лигата ќе ја напуштат четири екипи.