„Четата“ на Лазаров од денеска комплетна

Машката сениорска репрезентација од денеска ќе биде комплетна на тренинзите пред дуелите од квалификациите за Европското првенство со Данска.

Последен кој ќе се приклучи на тренинзите е пикерот Жарко Пешевски, кој во неделата играше натпревар од Бундес лигата.

Селекторот Кире Лазаров ќе може да смета на сите повикани ракометари и од нив ќе одбере 16 за првиот меч со светскиот првак што се игра на 11 март од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Вториот дуел меѓу овие Данска и Македонија ќе се игра на 14 март во Алборг од 16:00 часот.