Чеси ќе му судат на Вардар против ПИК Сегед

Европската ракометна федерација ги одреди судиите за натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар во Лигата на шампионите.

Чешките арбитри Вацлав Хорачек и Јири Новотни ќе ја делат правдата, а делегат ќе биде Сос од Унгарија.

Одложениот дуел од третото коло во елитното натпреварување ќе се одигра на 22 декември во градската сала во Сегед со почеток во 20:45 часот.

Покрај оваа средба, ЕХФ потврди дека на 17 декември ќе се одиграат уште две одложени средби, Елверум – Мешков Брест и Келце – Порто.