Червар: Вардар е европски шампион, но каква корист од тоа има репрезентацијата?!

Лино Червар предизвика лавина реакции во хрватската јавност со објавувањето на списокот на ракометари за Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, пред се откако се реши да не го повика Штрлек, а прашина се крена и околу чуварите на мрежата.

Во интервју за хрватските медиуми, Червар говореше и за младите играчи и за стратегијата  на нивен развој.

„Нашите ракометари имаа сјајна бековска линија на младинските шампионати, но тоа не се преточи во квалитет, освен можеби Шарац и Мартиновиќ. Јагањац дефинитивно заостанува во развојот, додека Вистороп само што влезе во некоја повисока фаза, но прашање е како ќе заврши. Тука отвораме една важна тема, а тоа е стратегијата за развој. Што побрзо, ни треба нас таква. Скандинавците треба да ни бидат пример, бидејќи имаат чиста стратегија за развоја. Ние треба да се одлучиме, дали ќе бараме победи или ќе следиме развојна програма на младите. Сметам дека првата опција ја работат земјите во транзиција од југоисточна Европа. Таа е прикривање на дефицит, бидејќи со една победа, се бришеш. Затоа кај нас второт или трето место никогаш не е успех. Ние можеме да преживееме на краток рок со победа, но со стратегија во склад со условите можеме на подолг рок. Друго прашање  е дали да форсираме клуб или репрезентација. Вардар е европски шампион, но од тоа Македонија нема никаква корист, а тоа го посочи неодамна и капитенот Кире Лазаров. Келце е во врвот, па Полска не може ништо со националниот тим, иако доминираше своевремено. Има ли ова смисла? Ако нашите играчи одат надвор за 3.000 евра, а Загреб или Нексе да им понудат толку, сигурно би останале дома“, вели Червар.

Хрватска на ЕП ќе биде дел од групата А што се игра во австрискиот град Грац, заедно со Србија, Црна Гора и Белорусија.