Чантурија: И честитам на цела Македонија, чесно и заслужено! (ФОТО)

Еден од најдобрите грузиски ракометари, Реваз Чантурија, најголемиот дел од кариерата го помина во Македонија.

Членот на Прилеп, кој одамна стана и македонски зет, упати честитка за фудбалерите и целата македонска јавност за пласманот на Европското првенство.

Фудбалската репрезентација на Македонија славеше против неговата татковина во Тбилиси со 1-0, со голот на капитенот Горан Пандев.

По ракометарите, ракометарките, кошаркарите, одбојкарите и ватерполистите, фудбалерите се шестата репрезентација во екипни спортови што ќе игра на континентален собир.