Чантурија го водеше Прилеп до победа со Радовиш

Во рамките Плеј-аутот во Суперлигата Прилеп славеше победа против Радовиш на домашен терен со 28:24 и го остави тимот на Радовиш на последното место на табелата. Од друга страна Прилеп продолжи да ја притиска Струга на втората позиција.

Првите 30 минути донесоа изедначена игра во која домаќинот имаше разлика од најмногу четири гола (8:4), но гостите не дозволија Прилеп да се одлепи до крајот на првиот дел се вратија на „минус два“ па на пауза се замина со 13:11.

Второто полувреме донесе далеку подобра од игра на Прилеп, па како што одминуваше времето домаќинот го трасираше патот кон победата. На средината од ова второ полувреме веќе стануваше јасно дека бодовите од овој дуел остануваат во Прилеп. Радовиш не успеваше да парира како што тоа беше случај во првиот дел.

На пет минути до крајот Прилеп водеше со 27:19, па тука само се чекаше крајот за да се види со колкава разлика ќе слават прилепчани. Треба да се спомене дека во редовите на Прилеп на 17 минути до крајот црвен картон заработи Мириани Гавашелишвил.

Најефикасен во победничкиот состав беше Чантурија со 11 постигнати гола, солидна поддршка му беше и Христи Бикоски со пет погодоци. На спротивната страна кај гостите Бобан Каковс се издвои со осум постигнати гола.