Чаир се засили со три ракометарки пред европското деби, останува и најдобриот стрелец

Тимот на Чаир, кој лани дебитираше во Женската лига и остави одличен впечаток, веќе започна со склопување на играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона.

Чаир го засилија три ракометарки – левиот бек Ана Марија Божиновска од Вардар, пикерот Габриела Костадиновска од Спартак и левото крило Арлинда Динарица, која доаѓа од Кастриоти.

Божиновска се најде неколку пати на поширокиот список на сениорската репрезентација, додека Динарица е младинска репрезентативка на Македонија, а веќе има интернацинално искуство во Германија и Косово.

Во Чаир остануваат сите ракометарки од ланската сезона, меѓу кои и најдобриот стрелец Анастасија Николовска. Овој тим ќе биде еден од двата македонски претставници во Лигата на Европа.