Чаир победнички низ Битола

Ракометарките на Чаир остварија лесна победа на гостувањето кај Пелистер во Битола со убедливи 28-35, во натпревар од 15 коло во Женската лига.

Во првото полувреме гостинките го диктираа темпото и најчесто беа во предност, но битолчанки секогаш успеваа да се приближат. Сепак потклекнаа во финишот на првиот дел и Чаир замина на пауза со убедливи плус пет, 14-19.

Во вториот дел имаше сличен развој на настаните од финишот на првото полувреме, па Чаир лесно го заокружи натпреварот со победа од седум погодоци разлика.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Анастасија Николовска со десет голови, додека Христина Мартиновска даде осум. Во битолскиот тим се истакнаа Марија Анчева со 13 погодоци, а Марија Јанкуловска постигна седум.