Чаир на пенали несреќно загуби од Сплит, Којовиќ најдобар голман на турнирот во БиХ

Тимот на Чаир ги имаше последните проверки пред стартот на новата сезона во Женската лига и настапи на турнирот „Посети го Сараево“ што се одржа во организација на клубот Хаџиќи.

Чаир заврши на четврото место по несреќниот пораз на пенали од хрватскиот состав Сплит, откако мечот во регуларниот дел заврши 35-35.

Во групната фаза, Чаир славеше убедливо против Илиџа со 37-27, додека беше поразен од Војводина со 32-25, па така разигруваше за третото место на турнирот.

Сепак Чаир во Скопје се врати со индивудално признание, бидејќи Магдалена Којовиќ, која имаше одлични партии на сите натпревари, беше прогласена за најдобар голман на турнирот.