Чаир имаше успешен тест пред европските настапи

Екипата на Чаир имаше успешна проверка пред продолжението на Женската лига и натпреварите од Европскиот Куп.

Избраничките на Басри Љатифи славеа на гостински терен во пријателскиот натпревар против Феризај од Косово со 43-29.

Женската лига продолжува на 24 ноември, а Чаир го чека домашен натпревар против Спартак, додека на 27 ноември е дербито против Куманово.

Потоа следуваат и натпреварите од третото коло во Европскиот Куп, а таму Чаир ќе се сретне со израелскиот тим Макаби Аразим Рамат Ган на 4 и 10 декември.