Чави Пасквал нема да ја води Барса против Веспрем, каталонците без Мем, Јанц, Мортенсен…

Вечерва се игра големото дерби во групата Б од Лигата на шампионите меѓу Веспрем и Барселона.

Каталонскиот гигант има големи проблеми по Светското првенство во Египет, бидејќи има дури петмина повредени ракометари.

Згора на тоа, поради приватни причини, тренерот Чави Пасквал не отпатува во Унгарија, па тимот ќе го предводи Фернандо Барбеито.

Во ростерот нема да бидат Дика Мем, Тимоти Н’гесан, Блаж Јанц, Каспер Мортенсен, а по паузата се враќаат Лука Циндриќ и Арон Палмарсон.

Натпреварот меѓу Веспрем и Барселона се игра вечерва од 20:45 часот.