ЦСКА Москва ја купи новата руска надеж

Женската екипа на ЦСКА Москва за следната сезона ја ангажираше талентираната ракометарка, Карина Сабирова. Веста беше и официјално потврдена од московската екипа.

Плејмејкерот на репрезентацијата на Русија е втора нова ракометарка во ЦСКА Москва по Ана Грос за следната сезона.

Сабирова од почетокот на нејзината кариера го носи дресот на Астраханочка. Во последните години е репрезентативка на Русија, а на Европското првенство во Данска одигра на солидно ниво.

Репрезентативниот статус го доби поради одличните игри против големите клубови во Русија и на европска сцена.

Сабирова со репрезентацијата на Русија го освои златниот медал на Светското јуниорско првенство во 2016 година. Ја добива и наградата за најкорисен играч на првенството.

Астраханочка остана без две клучни ракометарки за следната сезона. Освен Сабирова клубот ќе го напушти и Ана Дебелиќ, која се сели во Вајперс Кристијансад.