ЦСКА Москва на мегдан против Мешков Брест во СЕХА лига

Денес продолжуваат натпреварите од СЕХА лигата во дивизијата „Исток“. По вчерашниот одигран натпревар меѓу амбициозната екипа на Зенит и Маенка, на денешната програма се закажани два дуели.

Екипата на ЦСКА Москва, која во првото коло одигра реми со Зенит, во 2. коло на свој терен ќе го пречека белорускиот шампион Мешков Брест во рамки од групата Б.

Натпреварот меѓу ЦСКА Москва и Мешков Брест ќе се одигра со почеток од 17:30 часот.

Дуел ќе имаат и екипите на СКА Минск и Гомел. Двете екипи на стартот на СЕХА лигата беа поразени од Чеховски Медведи, односно Пермски Медведи, па така денешниот натпревар ќе одлучи која од двете белоруски екипи ќе се позиционира на 3. позиција во групата А.

СКА Минск и Гомел ќе играат во терминот од 17:00 часот.