Црногорците тргнаа со триумф – пелистерецот Радовиќ му пресуди на Кувајт

Еден од ривалите на Македонија на Европското првенство, Црна Гора, оствари триумф на првиот пријателски натпревари.

Избраниците на селекторот Зоран Рогановиќ беа подобри од Кувајт и славеа со два гола разлика, 29-27, иако на полувреме губеа со 13-14.

Бранко Вујовиќ и Мирко Радовиќ беа најдобри стрелци со по пет голови, додека Филип Вујовиќ, Стеван Вујовиќ и Васко Шеваљевииќ дадоа по три.

Два пати реализираа Балша Чејовиќ, Немања Грбовиќ, Вук Лазовиќ и Божидар Симиќ, а по еднаш Јован Абрамовиќ и Божо Анѓелиќ.

Црна Гора и Кувајт вториот меѓусебен дуел ќе го одиграат на 24 декември, додека против Косово, Црногорците ќе играат на 26 декември.