Црногорците позитивни и десеткувани, дури осуммина завршија во карантин

Репрезентативците на Црна Гора добија лоши вести после денешните тестови откако ракометарите и стручниот штаб мораа на ново тестирање после кое добија вести за шест позитивни тестови кај играчите и два во стручниот штаб.

Имињата на позитивните не се објавени, но со оглед на тоа што до првиот натпревар на ЕП има уште шест дена, а правилата се познати јасно е дека тие нема да можат да бидат на терен на првиот натпревар против Данска, а најверојатно и на дуелот против Македонија на 15 јануари.

За да можат да настапат ќе мора да бидат пет дена во карантин, а потоа да имаат два негативни теста. Само оние кои ќе имаат негативн тест ќе имаат можност да патуваат за Дебрецен.

Црногорците за Дебрецен заминуваат во вторник, а в понеделник ќе го имаат последното тестирање пред патот, кога ќе биде познат и конечниот список на патници на Европското првенство.

Селекцијата на Црна Гора е противник на Македонија во 2. коло на 15 јануари.