Црногорски десен бек ја засилува Струга

Кадетскиот репрезентативец на Црна Гора, Мерис Бошњак, кој од месец ноември минатата сезона настапуваше за Еурофарм Пелистер 2, е првото засилување за тимот на Струга, дознава 24Ракомет.

Црногорецот игра на позицијата десен бек, но исто така може да игра и како десно крило. Струга со неговото доаѓање ќе може да смета на играч кој може да се користи и во напад и одбрана, односно во два правци.

Бошњак во Струга ќе го има третиот интернационален предизвик по настапите за Еурофарм Пелистер 2 и словенечката Добова. Тој во црногорскиот шампионат настапуваше за екипите на Прв Ас и Морнар Бар.

Струга допрва треба да го составува ростерот за следната сезона, бидејќи договорите им завршија на левиот бек Никола Цветаноски (Прилеп), десниот бек Урош Лазаревиќ, како и кружните напаѓачи Богдан Ѓуровиќ (Робе Жубри) и Петар Маркоски (Еурофарм Пелистер 2).

Пред крајот од изминатата сезона Струга ја напушти и десното крило Бобан Блажески. Искусниот ракометар поради приватни причини се повлече од ракометните терени.