Црногорска лекција за македонските кадетки пред стартот на ЕП

Женската кадетска репрезентација на Македонија го загуби и вториот пријателски натпревар пред стартот на Европското првенство.

Нашите кадетки беа поразени од домаќинот на континенталниот собир со убедливи 14 гола разлика, 26-12.

Високиот пораз беше најавен уште по првото полувреме, кога Црногорките водеа со седум плус, 14-7.

Македонија го стартува настапот на Европското првенство на 3 август на дуел со Романија.

Во групата се уште силните селекции на Франција и Унгарија.