Црногорките му честитаа роденден на селекторот на Словенија (ВИДЕО)

Поранешниот селектор на Црна Гора, Драган Аџиќ, кој на Мундијалот во Шпанија е предводник на репрезентацијата на Словенија, денес го прослави својот 52. роденден.

Избраничките на Бојана Поповиќ решија да му приредат мало изненадување на искусниот црногорски тренер.

Аџиќ емотивно ја поднесе роденденската честитка и уште во првите моменти заплака. Словенија и Црна Гора силите ги одмерија во првото коло од првата фаза, а победник беше репрезентацијата на Словенија со резултат 28:18.