Црногорецот го напушта Металург, Букурешт е следната дестинација

Еден од играчите кои во последните сезони е меѓу подобрите во првенството на Македонија, Милан Поповиќ најверојатно ќе го напушти тимот на Металург.

Според медиумите од Црна Гора повремениот репрезентативец на оваа земја е пред трансфер во Романија односно речиси е готово бидејќи има договор.

Информациите се дека има договор на две години со тимот на Стеауа и дека веќе има ставено потпис на договорот, но се очекува наскоро да биде официјално објавено.

Покрај од Стеауа имал понуда и од екипа од Португалија, но се решил за тимот кој е поблизу.

Инаку, Поповиќ настапуваше за Пелистер пред да дојде во редовите на Металург каде играше во последните две сезони.