Црна Гора со ракометарки од ЛШ ќе се соочи со Македонија

Младинската репрезентација на Црна Гора е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во Романија.

Црна Гора на претходното Европско првенство не успеа да ја помине групата и настапот го заврши на 13. позиција.

Селекторот на Црна Гора, Игор Марковиќ го објави скратениот список за настапот на Европското првенство.

На списокот партиципираат 17 ракометарки, меѓу нив се наоѓа интернационалката Наѓа Мицевска, која настапува во унгарскиот суперлигаш Кишварда, како и голманката на Будуќност, Андреа Скеровиќ.

Младата голманка ќе биде голем адут на Црна Гора, бидејќи во минатата сезона собираше искуство со настапите во Лигата на шампионите, на дел од натпреварите во елитата доби солидна минутажа од тренерот Бојана Поповиќ.

Голманката Марија Марсениќ (Будуќност), како и десниот бек Јелена Вукчевиќ, ракометарка која исто така забележа неколку настапи во Лигата на шампионите со црногорскиот шампион и постигна осум погодоци во елитата, исто така ќе настапат на континенталниот младински собир.

Натпреварот меѓу Црна Гора и Македонија ќе се одигра утре, со почеток од 18:45 часот.

Црногорската репрезентација во групата Д ќе игра и со светскиот вицепрвак Данска и незгодната Чешка.