Црна Гора со еден вардарец и еден „фармацевт“ на дуел со светскиот вицепрвак (ФОТО)

Селекторот на машката репрезентација на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, го објави скратениот список со 16 репрезентативци за квалификацискиот натпревар против Шведска за пласман на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка.

Поради ситуацијата со ковид-19, Шведска не допатува во Црна Гора на 9 јануари, а раководството не ЕХФ одлучи овој натпревар да се игра во нов термин, 9 март 2021 година.

Селекторот на Црна Гора за овој квалификациски натпревар ќе може да смета и на ракометарот од Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ и новиот ракометар во Вардар, Васко Шеваљевиќ.

Црногорците ќе се соберат на 8 март и практично со еден тренинг, ќе играат со светскиот вицепрвак следниот ден.