Црна Гора во офанзива – ќе натурализира уште една ракометарка!

Женската сениорска репрезентација на Црна Гора на следните големи натпреварувања, покрај словенечкиот десен бек Барбара Лазовиќ, би можела да има на располагање уште една натурализарана ракометарка.

Средниот бек од Хрватска, Матеа Плетикосиќ, која на 17 години се пресели пред пет сезони во Подгорица, одлучи во иднина да го носи црногорскиот дрес.

Иако беше прогласена за МВП на Европското кадетско првенство во 2015 година, сепак не добиваше повици за репрезентацијата на Хрватска во следните години и го исполнува првиот услов да го смени националниот тим.

Селекторот Пер Јохансон, покрај Милена Раичевиќ, која е на залезот на кариерата, ќе добие одлична ракометарка на подолг рок. Претходно уште една Хрватка стана Црногорка – голманката Марта Батиновиќ.