Црна Гора во групата на смртта – против домаќинот, европскиот првак и „убиецот“ на фаворити (ФОТО)

Денеска во Виена, беше извршена ждрепката за Европското првенство во Данска и Норвешка кое ќе се одржи од 3 до 20 декември.

Групата А е „група на смртта“, а таму покрај домаќинот Данска, ќе играат Црна Гора, европскиот првак Франција и „убиецот“ на фаворити – Словенија.

Русија доби полесна група со Шведска, Шпанија и Чешка, додека најслаба конкуренција ќе има во групата Ц, каде ќе играат Србија, Хрватска, Унгарија и Холандија.

Се уште е под знак прашалник, дали натпреварите на ЕП ќе се играат со гледачи.