Црна Гора веќе има нов кандидат за селектор, но тоа не е Аџиќ

Женската сениорска репрезентација на Црна Гора после Европското првенство во декември останува без селектор бидејќи Швеѓанецот Пер Јохансон нема да го продолжи договорот.

Во Црна Гора веќе се размислува за неговиот наследник. Иако се очекуваше тоа да биде одново Драган Аџиќ, кој беше селектор пред Јохансон, сепак, се работи за дама.

Поранешната репрезентативка на Црна Гора, Бојана Поповиќ се споменува како главен кандидат за селекторската позиција.

Во моментов Поповиќ е дел од стручниот штаб на Будуќност и работи како помошник на Аџиќ. Сепак, не е единствен кандидат иако добива најмногу шанси. Тука се споменуваат и Перо Милошевиќ, Адријан Василе и Ким Расмусен.