Црна Гора без Божовиќ и Симовиќ против Македонија, неизвесен и Чавор!

Пред патот за Дебрецин, нови проблеми за црногорската репрезентација, која е противник на Македонија на претстојното Европско првенство.

Покрај тоа што селекторот Зоран Рогановиќ не е во можност да ја води селекцијата поради позитивниот тест, на првите два меча против Данска и Македонија нема да игра ниту еден од најдобрите стрелци, Милош Божовиќ.

Освен левиот бек, веројатно нема да биде на располагање ниту пикерот Небојша Симовиќ, а десниот бек и еден од најдобрите стрелци, Стефан Чавор се пожали на болки во грлото и ќе прави уште еден ПЦР тест.

Тој е неизвесен за првиот меч со Данска, а голманот Миле Мијушковиќ, кој не требаше да патува, синоќа доцна доби прв негативен тест, денеска прави втор и би можел да отпатува со екипата за Дебрецин.

Црна Гора отвора со дуел против Данска на 13 јануари, следува пресметката со Македонија на 15 јануари, а за крај двобој против Словенија на 17 јануари.