ЦИРКУС во кадетската лига – во ростер имаа петмина ракометари, на крај примија 57 погодоци!

По завршувањето на натпреварите во сениорска конкуренција во Супер и во Првата лига, останаа да се доиграат уште дуелите од кадетскиот шампионат до крајот на годината.

На натпреварот од 3 коло меѓу Работнички и Бутел Скопје, домашниот тим, кој патем играше како домаќин во салата на Бутел, во ростерот имаше само ПЕТ ракометари!

Од нив еден беше голман, четворица играа по 60 минути во поле, па на крајот примија дури 57 погодоци од ривалот, а постигннаа 30.

Овој натпревар, кој повеќе личеше на тренинг отколку на официјален натпревар е антипропаганда на ракометот, па клубовите и лицата задолжени за младинскиот ракомет, треба да се замислат што добиваат играчите од вакви наптревари.