Циндриќ на гости во Македонија (ФОТО)

Слично како и неговиот репрезентативен колега од Хрватска, Игор Карачиќ, така и средниот бек на Барселона и некогашен член на Вардар, Лука Циндриќ, не ги заборавил Скопје и Македонија.

Тој по завршувањето на обврските во Асобал Купот, кој го освои со Барселона, допатува во македонската метропола, пред заминувањето за Хрватска и почетокот на подготовките за ЕП.

На дружбата со капитенот на Вардар, Столе Стоилов, се придружи уште еден некогашен вардарец, нашиот Дејан Манасков, а дружбата исто како да не се случила ако од неа нема фотографија на социјалните мрежи.