Циндриќ за ситуацијата во Шпанија: Не оди на добро, сите сме загрижени…

Лука Циндриќ оваа сезона нема среќа. Имаше проблеми со повреда и пред Европското првенство, а потоа и во текот на континенталниот шампионат, но таман кога се врати на терен и беше потполно подготвен, светот беше покорен од коронавирусот.

Некогашниот член на Вардар е во Барселона и строго се придржува на сите упатства на шпанските власти.

„Добро сум, фала му на Бога, одмараме и не тренираме, а колку што ја следам ситуацијата, не оди на добро. Сите сме загрижени, се придруваме на упатствата, а можно е да завршиме сите во карантин. Не можеш никаде да одиш, но ќе се издржи. Сега се е во најдобар ред што се однесува до повредата. Не е баш пријатно среде сезона да се прекине со тренинзи, но што се може, тоа е виша сила“, изјави Циндриќ.

Барселона и без да се игра во Асобал лигата, може да биде прогласена за шампион, а во Лигата на шампионите, каталонскиот гигант има директно место во четвртфиналето.