Целје ги поздрави Периќ, Кокшаров, Вугринец, Козлина … се потсети на титулата во 2004 година (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

Екипата на Целје во последните сезони не е во ракометниот врв, но и понатаму е дел од Лигата на шампионите бидејќи останува неприкосновена во првенството на Словенија.

Сепак, не се заборава сезоната 2003/2004. Пред 16 години овој тим ја покори Европа, па сега се навратија спомените. Фановите се потсетија на игрите на тимот на Целје и освоената титула во која учестуваа голем дел на ракометари кои претходно или подоцна го носеа дресот на тимови од Македонија или беа (или уште се) дел од стручниот штаб на некои од нашите тимови.

Дејан Периќ стоеше на голот на Целје, а тој сега е тренер на голманите на Вардар. Инаку, во својата кариера и тоа на почетокот беше дел од тимот на Пелистер. Неговиот татко, Богољуб Периќ, пак, една сезона беше во тренерскиот тим на екипата на Вардар.

Едуард Кокшаров беше без конкуренција на позиција лево крило, а тој покрај тоа што е спортски директор сезонава беше и привремено решение на тренерската позиција кај вардарци.

Жикица Милосављевиќ, таа сезона настапуваше како десно крило во Целје. Добро е познато дека тој на почетокот на својата кариера го носеше дресот на Куманово.

Ренато Вугринец исто така не треба посебно да се претставува. Тој играше за Металург, а го облече и дресот на репрезентацијата на Македонија.

Sprejem evropskih prvakov 2004

Mineva natanko 16 let od tega nepozabnega dogodka. Množiča ljudi na letališču Brnik, več kot 20.000 navijačev pred kultno dvorano Zlatorog in za zaključek še sprejem pred Mestno občino Celje. Kar 127 minut prizorov v čast evropskim prvakom 2004.V komenatrju označite osebe, ki so bile takrat v Flensburgu, na Brniku, pred Zlatorogom ali v centru Celja. Veselimo se skupaj tega izjemnega uspeha! #evropskiprvaki #enkratzacelevednozacele

Публикувахте от RK CELJE PIVOVARNA LAŠKO в Четвъртък, 23 април 2020 г.

Миладин Козлина, пак, е еден од оние интернационалци кои го носеле дресот на Металург и Вардар. Тој го направи ова после освоената титулата со тимот на Целје.