Цела сезона играа со маски – немаа ниту еден заразен играч, ниту карантин, ниту одложен дуел!

Изиминатата сезона коронавирусот им создаваше многу проблеми на екипите ширум Европа. Многу натпревари беа одложени, а речиси сите тимови мораа да бидат во изолација и карантини заради заразени играчи.

Сепак еден тим од Шпанија успешно се справуваше со коронавирусот и пандемијата. Клубот Наварет од третата по квалитет лига во Шпанија покажа одлична ефикасност во борбата со коронавирусот.

Како што пренесува шпанската marca.com, Наварет пандемијата ја помина без ниту еден заразен играч, без карантин и без ниту еден одложен натпревар. Овој клуб веројатно е единствениот во земјата кој не беше погоден од коронавирусот. Главна причина за тоа е што сите натпревари ракометарите ги играа со маска.

Резултатите на Наварет се многу скромни, тие сезонава имаа четири победи, една нерешена средба и дваесет и четири порази со што завршија на 14 позиција на табелата.