Цветановска броеше до 13, но Ѓорче Петров не издржа во Битола

Тимот на Пелистер славеше над составот на Ѓорче Петров во последниот натпревар од третото коло во Женската лига со 31-26.

Иако избраничките на Томе Петрески во првиот дел имаа предност и од четири погодоци, сепак на пауза се замина со реми, 15-15.

На стартот на вториот дел, гостинките поведоа со 17-19, но потоа имаше „црна дупка“ во нивната игра, па битолчанки погоди седум пати по ред без да прими гол и беше 24-19.

Потоа немаше шанси за камбек на Ѓорче Петров, па Пелистер само рутински само го доврши натпреварот за конечни 31-26.

Во победничкиот состав се истакнаа Драгана Стојанова со девет и Марија Анчева со седум погодоци, додека кај Ѓорче Петров, Ангела Цветановска постигна 13 голови.