Христов: Со Бране Дилбер бевме големи другари, но на терен ако можевме да се истепаме, ќе се истепавме

„На теренот бевме ривали и непријатели, надвор од него добри другари“ - признава Христов.

Приказните на Металург не можат без Вардар, а истото важи и во спротивен правец. Но, колку и да е големо ривалството, тоа е на терен, надвор од него, има случаи и на големи пријателства, а такво е она на Филип Христов од Металург со Бране Дилберов од Вардар.

„Оној период кога двата тима беа рамноправни во квалитет, беше едно здраво ривалство, со навивачки групи и сето тоа придонесуваше за ривалството и непријателството на теренот. Но надвор од него во принцип бевме добри пријатели. Морам да го споменам Бранко Дилберов од Вардар, со кој приватно бевме многу блиски другари. Можевме да минеме ноќи во меани, да другаруваме, но на терен бевме најголеми ривали. Ако можеше да се истепаме, ќе се истепавме…“ – се потсетува Христов.

Комплетното интервју на Филип Христов за 24ракомет може да го прочитате на линкот подолу.

ИНТЕРВЈУ ФИЛИП ХРИСТОВ: Секој натпревар меѓу Вардар и Металург имал и трето полувреме