Христов: Никогаш не се играше ’чисто’, Додер е еден од обидите да се дефокусира противникот

„Имало многу задкулисни игри, иако морам да признаам дека ние бевме многу послаби во тие ситуации, затоа што бевме и финансиски и авторитативно понемоќни. Има премногу случки и премногу работи ’валкани’ кои ќе ги оставам во минатото... Правевме се за да го дефокусираме противникот.“

Ривалството помеѓу Металург и Вардар трае многу оддамна. Од Огномак М… Расадник – Автокоманда, Кале – Автокоманда, Јане Сандански – Автокоманда, се чини како отсекогаш… И никој точно не знае како започнало, но се знае дека и едните и другите наоѓале начини како да ја „подгреат“ ситуацијата на, но и надвор од теренот.

За една ситуација сигурно сите се сеќаваат, тоа е трансферот на Тихомир Додер во Автокоманда, и тоа токму пре додигрувањето на Куп финалето меѓу Вардар и Металург. Многу искри имаше околу тој трансфер.

„Самата близина го прави ривалството – она локалното. За наша среќа и несреќа, првиот човек на Вардар и денеска спасителот на Вардар, Михајло Михајловски пред да оди во Вардар беше претседател на Металург, тој е излезен од овде. Многу играчи одеа во двата правци и тоа само го подгрева ривалството. Ривалството меѓу Лино и Вујо исто така беше големо… Имало многу задкулисни игри, иако морам да признаам дека ние бевме многу послаби во тие ситуации, затоа што бевме и финансиски и авторитативно понемоќни. Има премногу случки и премногу работи ’валкани’ кои ќе ги оставам во минатото… Правевме се за да го дефокусираме противникот. Една од тие е и трансферот на Додер пред финалето на Купот на Македонија. Додер е играч на Вардар, кој треба да го продолжи договорот, а Лино ги вика на разговор и му нудиме безобразна сума на пари, кој тој ја прифаќа. Целиот трансфер се чува во тајност, но по црногорска линија Вујо дознава и тоа резултира со караница во Вардар, но и дополнителни искри меѓу двата клуба и тренерите. Бев сведок на случката во еден од ходниците во Борис Трајковски меѓу тренинзите, кога малку недостасуваше ситуацијата да ескалира во тепачка меѓу тренерите, но за среќа остана на вербална пресметка и размена на пцовки“ – ни раскажа Филип Христов.

Комплетното интервју со Филип Христов може да го прочитате на линкот подолу.

ИНТЕРВЈУ ФИЛИП ХРИСТОВ: Секој натпревар меѓу Вардар и Металург имал и трето полувреме