Хрватска, Србија и Црна Гора имаат акции со Б репрезентациите, а Македонија…

Сите селекции од екс-ју просторите – Словенија, Србија, Црна Гора и Хрватска, оваа недела во јуни ја користат за собир на сениорските репрезентации, но со репрезентативци кои имаат мала минутажа, кои се повремено на списокот и кои во иднина би биле дел од кандидатите за влез меѓу најдобрите.

За жал најавените акции на Б репрезентацијата на Македонија останаа само на најави, бидејќи досега само еднаш, во јуни 2021 година, беа одиграни две пријателски средби во Ниш со Србија. Тогаш на почетокот на селекторскиот мандат на Кире Лазаров, на теренот беа Кондев, Ѓорѓески, Симоноски, Кукуловски, Ѓорговски…

За разлика од нашата Б селекција, која од пред две години нема собир, земјите од соседството, ги користат и официјалните недели на ЕХФ за такви собири, тренинзи и натпревари, како и овие јунски термини, па селекторите секогаш имаат на увид со каков играчки кадар располагаат.

Црна Гора со новиот селектор Владо Шола ќе отпатува на Гвадалупе на покана на Дидие Динар и ќе одигра два меча со оваа селекција. Шола на списокот ги има Никола Матовиќ, Василије Калуѓеровиќ, Андреј Добрковиќ, Радојица Чепиќ, Ристо Вујачиќ Филип Вујовиќ…

Хрватскиот селектор Горан Перковац пак ги собра кандидатите за потесниот состав на тренинзи во Загреб. Негов план е сите играчи да се воведат во составот, работата и тренинзите со националниот тим, како и да се воигруваат повеќе напаѓачки и одбранбени формации.

Перковац иако требаше, за оваа акција нема да смета на некогашниот лев бек на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ, кој игра во одлична форма за АЕК Атина, а на списокот се уште и Матеј Хрстиќ, Лука Мославац, Томислав Кушан, Фран Милета, Фран Лучин…

Српскиот селектор Тони Херона исто така во овој период го има на располагање развојниот тим само за тренинзи – а на списокт на шпанскиот страгег се Андреј Трнавац, Урош Којадиновиќ, новиот вардарец Марко Срдановиќ, екс пелистерецот Никола Ивановиќ, Иван Мичиќ…

А Македонија…