Хрватска и Шпанија се закитија со злато на младинските СП во ракомет на плажа

Репрезентациите на Хрватска и Шпанија ги освоија златните медали на младинскиот Мундијал во ракомет на плажа, кој се одржуваше во Грција.

Машката репрезентација на Хрватска во финалето беше подобра од Бразил, со 2-1 во сетови.

Третото место го освои репрезентацијата на Иран, која во натпреварот за бронзениот медал беше подобра од Франција со 2-0 во сетови.

Женската репрезентација на Шпанија до златниот медал стигна откако во финалето ја совлада Холандија со 2-1 во сетови, додека третото место им припадна на ракометарките на Полска, кои за бронзениот медал ја совладаа Унгарија со 1-2 во сетови.