Хрватска добива големо засилување пред решавачките средби на ЕП

Селекторот на женската хрватска репрезентација, Ненад Шоштариќ, ја повика Дејана Милосављевиќ да се приклучи на тимот во Данска.

Ракометарката, која е најдобар стрелец на Подравка во ЛШ, излезе од карантин поради коронавирусот во хрватскиот првак и денеска треба да отпатува во Данска, каде ќе ги направи сите потребни процедури.

Откако ќе бидат задоволени сите Ковид протоколи, Милосављевиќ би требало да биде дел од националниот тим на последниот меч од главната рунда против Германија на 15 декември, што можеби ќе ја однесе Хрватска во борба за медали.

Средниот бек нема да може да настапи на вториот дуел против Норвешка што се игра утре од 18:15 часот.