Хрвати и Срби ќе делат правда на Металург

Екипата на Металург во вторник од 20:45 часот го игра првиот натпревар против составот на Криенс од Швајцарија во 2. рунда од Лигата на Европа. Веќе се познати арбитрите и за првиот натпревар и за реваншот, а тие се од балканските простори.

На првата средба која ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје правдата ќе ја делат најдобрите судии од Хрватска, Матија Губица и Борис Милошевиќ. Со оглед на тоа што од ЕХФ поради пандемијата со коронавирусот владее правило делегатите да бидат од домашна сцена или од најблискиот сосед на овој дуел делегатот е од Македонија. На записничката маса ќе седи Камер Металари.

Што се однесува до реваншот кој се игра на 29 септември исто така од 20:45 часот на оваа средба се делегирани судии од Србија. Се работи за Марко Секулиќ и Владимир Јовандиќ. Делегат ќе биде Хелмут Виле од Австрија.

Победникот од овој двобој меѓу Металург и Криенс ќе обезбеди место во групната фаза од Лигата на шампионите.