Хрватите тврдат: Анте Гаџа во Вардар – тешко остварливо!

Приоритет за раководството на Вардар во следниот период ќе биде ангажман на најмалку двајца ракометари што играат на средната и десна бековска позиција.

Низ ракометарните кулоари и низ медиумите се свртеа голем број на имиња – дел звучни, дел не толку звучни. Еден од нив беше и Анте Гаџа, организаторот на играта на хрватскиот првак Загреб.

Тој лани се пресели кај „плинарите“ од Нексе Нашице и беше меѓу најдобрите стрелци. Во ЛШ играше на 14 меча и даде 40 голови, додека во СЕХА беше дел од 12 натпревари и постигна 32 гола.

Средниот бек има договор до 2021 година со Загреб, кој во меѓувреме остана без Златко Хорват, кој ќе дојде во Металург.

„Со заминувањето на Хорват, Загреб има еден левак помалку, а на крило ќе бидат Јосип Божиќ Павлетиќ и Владо Матановиќ, додека на десен бек – Жига Млакар. Тоа значи дека ќе се бара уште еден левак, но се ќе зависи од расплетот на ситуацијата. На заминување се пивотот Кристијан Беќири, десниот бек Јосип Векиќ, централниот бек Алекс Влах, кој е поакуван од Целје. За Гаџа се заинтересира Вардар, но впечатокот е дека од таа приказна нема да биде ништо. Колку што Загреб ќе заштеди, толку ќе може и да си дозволи, многу едноставно. Секој ден носи по нешто ново“, пишува „Спортске Новости“.

Во комбинација исто така е Миха Зарабец од Кил, а слично како и во случајот со Гаџа, средниот бек е под договор со германскиот гигант, па тоа е најголемата пречка за негов трансфер во Вардар.