Еден Словенец замина, друг би можел да дојде: Зарабец на мета на Вардар!

Сташ Скубе е минато за европскиот шампион Вардар, но друг словенечки интернационалец би можел да се пресели во Скопје како негова замена. Станува збор за организаторот на играта на Кил, Миха Зарабец. Тој одамна се споменува како можно засилување за „црвено-црниот“ тим, но сега шпекулациите се засилени.

Германскиот „Килер Нахрихтен“ пишува за можноста Зарабец да дојде во Скопје и дека двете страни веќе направиле првични разговори, но проблем би можел да биде неговиот договор на уште една сезона со „зебрите“.

Покрај Дувњак, Нилсон и Билик, Зарабец ретко добиваше прилика за игра во германскиот шампион, а сега иако Нилсон оди, доаѓа Сандер Сагосен, па тоа значи дека Словенецот уште помалку ќе има простор за игра.

Претходно се споменуваа многу други играчи кои му беа понудени како можни засилувања на Вардар, но ниту еден од нив нема да се пресели во Скопје (Мартинс, Кулак, Стеинс, Симоне…Сите тие или најдоа нови клубови или имаат активни договори, па сега прв пик за нов среден бек станува Зарабец.