Хрватите ги „пецкаат“ Србите: Соседи, гледајте си вие Задруга – во тоа сте светски шампиони (ФОТО)

На српската ракометна јавност тешко и падна поразот од Хрватска со 24-25, што практично значеше и елиминација од Европското првенство во Данска.

Србинките не постигнаа погодок во вториот дел дури 13 минути и на крајот се чини дека сами прокоцкаа пласман во следна фаза.

Низ медиумите можеа да се прочитаат најразлични коментари. Хрватите нормално ликуваа по триумфот, додека Србите одеа далеку и апелираа да се забрани ракометот.

„13 минута нема да постигнеш гол и очекуваше победа!? Најлош ракомет и фудбал играме во светот. Да се забранат двата спорта и да се сведат на аматерско ниво“.

„Соседи Срби, држете се вие до Задруга! Тука сте светски шампиони!“.

„Срамота е што ниту една хрватска ТВ не ги пренесува натпреварите. Фала му на Бога што може да гледаме РТС овде“.

„Може ли Србија да ја победи Хрватска во некој спорт? Лажењето не е спорт“.

Србија на крајот заврши на 13 место на ЕП и се враќа дома, додека Хрватска ќе продолжи во главната рунда со изгледни шанси да игра и во полуфиналето на Европското првенство.