Хорват: Ни падна камен од срце…

Металург обезбеди место во групната фаза во Лигата на Европа по поразот со победнички вкус во Цирих од швајцарскиот Криенс со 22-21.

На крајот се покажа решавачка победата во Скопје против незгодниот ривал со два гола разлика, 26-24.

Десното крило Златко Хорват се покажа во одлично издание и уште еднаш покажа дека може да биде лидер на тимот од Автокоманда.

„На сите ни падна камен од срцето по овој натпревар. Драго ми е што ја искачивме оваа скала. Беше многу тешко, но на крајот ние славевме влез во групната фаза. Се надевам, односно сигурен сум дека нашата игра во иднина ќе биде подобра и дека навивачите на Металург ќе имаат уште многу причини за задоволство“, вели Хорват за 24Ракомет.

Ривалите во групната фаза, Металург ќе ги дознае во текот на утрешниот ден на ждрепката во Виена.