Хорват: Без оглед на ситуацијата, Металург се уште е име

Десното крило Златко Хорват по две и пол сезони замина од Металург и кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот клуб Дабас.

Во изјава за „Спортске Новости“, искусниот Хрват вели дека тимот од Автокоманда ќе се посвети на развојот на младите ракометари.

„Ситуацијата во Металург не е добра, има многу турбуленции, останавме без некои играчи кои ни беа важни. Но, верувам дека сега кога заминувам, Металург полека ќе почне да се извлекува и оваа приказна добро ќе заврши. Добија поддршка од општината и тоа многу им значи. Се определија за афирмација на младата екипа, тоа ќе биде долгорочен проект. Се договоривме спогодбено, веројатно во моментот финансиски им бев товар. Се помина во добар тон. Искрено, не се сеќавам дека некогаш било вака во Загреб, иако имаше тешки ситуации. Без оглед на ситуацијата, Металург се уште е име и постои желба да сето тоа се сочува во добро светло“, вели Хорват.

Во унгарскиот тим, Хорват ќе игра со екс соиграчот од Металург, Марко Тарабокија, кој играше во Автокоманда една сезона.