Холандија без стручен штаб против Црна Гора, двајца нови голмани во ростерот!

Селекцијата на Холандија ќе биде без селекторот Ерлингур Ричардсон на натпреварот од Црна Гора што се игра денеска на ЕП.

Покрај него на клупата нема да биде ниту тренерот на голмани Гери Ејлерс, кој бранеше како замена за двајцата позитивни голмани Шелекенс и Равенсберген.

„Лалињата“ се најдоа во непријатна ситуација, па веднаш мораа да повикаат двајца нови голмани – Рене Де Кнегт и Тијс Ван Леувен.

Дали двајцата ќе можат да настапат против Црна Гора останува да видиме. Од клупата Холандија ќе ја води асистент тренерот Едвин Киперс.

Натпреварот меѓу Црна Гора и Холандија се игра денеска од 15:30 часот во „МВМ Арена“.