Херона повика на помош екс десен бек на Пелистер, Вања Илиќ е позитивен

Проблемите за селекторот на Србија, Тони Херона продолжуваат бидејќи на списокот на позитивни има нови ракометари, а меѓу нив е и поранешниот член на Металург и Работнички, Вања Илиќ.

Покрај Илиќ нови позитивни се и помошниот тренер Жикица Милосављевиќ и еден од физиотерапевтите. Затоа, пак, од претходните кои беа на списокот на позитивни на терен се враќаат селекторот Тони Херона и голманот Владимир Цупара кои имаа негативни тестови.

Сепак, селекторот на Србија одлучи да повика тројца нови ракометари. Дополнителен повик доби десниот бек кој има настапувано во дресот на Пелистер, Михајло Митиќ. Покрај него повик добија и крилата Вукашин Воркапиќ и Младен Шотиќ.