Хендикеп за Македонија: Кузмановски изнесен на носилки од сала (ФОТО+ВИДЕО)

Левиот бек на Македонија, Филип Кузмановски, на носилки беше изнесен од салата „Борис Трајковски“.

Тој при еден напад кон голот на Турција, незгодно падна на теренот, се повреди и имаше неколку минути прекин.

За каква повреда станува збор не е се уште познато, веројатно се работи за скочен зглоб, но беше очигледно дека не можеше да стане, па мораше да интервенираат медицинските лица.

Македонија со победа против Турција ќе го завери пласманот на Европското првенство во 2024 година во Германија.