ХАОС во Сегедин – Црвен и син картон за Мандиќ, Карабатиќ полуде, летаа чаши со пиво на терен (ВИДЕО)

Селекцијата на Франција стартуваше победнички на Европското првенство откако славеше над Хрватска со 27-22. Сепак меч меѓу овие две репрезентаци не може да помине без борба и искри.

Никола Карабатиќ, збесна поради еден старт на Хрватот Давид Мандиќ. За време на неговата расправија со хрватскиот ракометар настана гужва на паркетот, а од трибините на паркетот долетаа чаши со пиво и хрватските навивачи извикуваа „цигани“.

Мешаницата на теренот настана откако во 47. минута Мандиќ жестоко налета на Мае и го удри со раката во брадата.

Тогаш Карабатиќ полуде, урлаше по хрватските играчи и судиите. Мандиќ доби црвен картон, а откако чешките судии гледаа снимка, му покажаа син картон, а тоа може да значи дека левото крило би можело да го пропушти двобојот со Србија.