ХАОС во Данска – одложени шест од седум натпревари во шампионатот!

Данската федерација се најде во големи проблеми, откако мораше да одложи дури шест натпревари од седумте што беа на програмата од тековното коло.

Според ковид протоколите, натпревар може да биде одложен ако во една од екипите има пет или повеќе позитивни случаи, па јасно е дека станува збор за голем број заразени ракометари.

Одложени се средбите Холстебро – Алборг, Нордсјеланд – Рингстед, Есбјерг – Лемвиг, ГОГ Гудме – Скандерборг, Морс – Колдинг и Фредериција – Сондерјиске, додека се игра само мечот Силкеборг – Скјерн.

Проблемите може да бидат уште поголеми, ако се знае дека две кола се на распоредот на 27 и на 30 декември, ден пред Нова Година, па Данците може да се најдат во уште поголема неволја во однос на распоредот за пролетната полусезона.