Хансен: Одлуката да играме после Божиќ беше најбезболната во моментов

Веќе е познато сè околу новиот завршен турнир од Лигата на шампионите односно термините во кои истиот ќе биде одигран.

Јасно е дека Барселона и ПСЖ ќе го отворат турнирот, а потоа ќе играат Кил и Веспрем, па може да се размислува и за овие натпревари.

За тимот на ПСЖ ова ќе биде нов обид да се дојде до трофејот, а ќе биде тешко бидејќи Барселона игра во неверојатна форма.

Термините за играње се поинакви од досега, а овој турнир ќе биде меѓу католичкиот Божиќ и Нова година.

„Можеби не е лесно тоа што ќе треба да играме во декември и тоа веднаш после Божиќ. Сепак, мислам дека ова беше одлуката која е најмалку лоша во ваква ситуација. Секако ние сме мотивирани за да играме во Келн и едвај чекам да дојде овој турнир. Фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите е секогаш нешто посебно“,вели ѕвездата на ПСЖ, Микел Хансен.

Инаку, натпреварите од Ф4 турнирот првпат ќе бидат одиграни в понеделник и вторник односно на 28 и 29 декември.