Фуксе и Архус до втора радост, Нексе го декласира Балатонфуреди

Денес се одигра 2. коло од Лига на Европа и во натпреварите и победа остварија екипите на Кадетен Шафхаузен, Гепинген, Ференцварош, Фленсбург, Грањолерс, Архус, Монпелје, Валур, Скјерн, Нексе, Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер.

Како што е познато, единствениот македонски претставник во групната фаза во Лига на Европа, Еурофарм Пелистер на тешкото гостување кај Агуаш Санташ успеа да ја забележи првата европска победа во новата натпреварувачка сезона, откако триумфираше со 29:27.

Во групата Д, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, Фуксе Берлин беше подобар од Бидасоа со 34:29, додека Архус одработи рутински против Мотор и оствари победа со шест гола разлика, 37:31.

Хрватскиот Нексе на свој терен го декласираше Балатонфуреди од Унгарија со 37:23, со што ја забележа втората победа и покажа дека и во оваа сезона ќе атакува на висок пласман. Минатата сезона тимот од Нашице заврши на 4. позиција на Ф4 турнирот.

ЛИГА НА ЕВРОПА, РЕЗУЛТАТИ

2. КОЛО

ГРУПА А

ВЕСПРЕМ ККФТ – КАДЕТЕН 25:33 (11:16)

БЕНФИКА – ГЕПИНГЕН 27:31 (11:16)

МОНПЕЛЈЕ – ТАТРАН 41:30 (20:14)

ГРУПА Б

ФЛЕНСБУРГ – ЕКС АН ПРОВАНС 30:25 (15:12)

ФТЦ – ИШТАД 37:34 (19:18)

БЕНИДОРМ – ВАЛУР 29:32 (12:12)

ГРУПА Ц

ГРАЊОЛЕРС – СПОРТИНГ 34:29 (17:12)

НЕКСЕ – БАЛАТОНФУРЕДИ 37:23 (18:10)

АЛПЛА ХАРД – СКЈЕРН 27:32 (15:15)

ГРУПА Д

МОТОР – АРХУС 31:37 (16:21)

ФУКСЕ БЕРЛИН – БИДАСОА 34:29 (18:15)

АГУАШ САНТАШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27:29 (12:15)

 

Шампионот изненаден од Гепинген, Грањолерс го шокира Спортинг