Фуксе Берлин без еден од најдобрите против Еурофарм Пелистер

Тимот на Фуксе Берлин на претпоследниот натпревар од Лигата на Европа против Еурофарм Пелистер ќе настапи без еден од најдобрите стрелци.

Десното крило Ханс Линдберг на мечот со Бидасоа заработил скршеница на раката и ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Линдберг на првиот натпревар во Битола, кој „лисиците“ го добија со 43-34,  постигна пет погодоци.

Покрај Линдберг, повреден е и Швеѓанецот Валтер Кринц, па Фуксе Берлин реагираше веднаш и го доведе во своите редови 37-годишниот Роберт Вебер.

Тој е еден од најдобрите бундеслигашки стрелци бидејќи играше за Магдебург и Нордхорн, а по една полусезона во Олимпијакос, се врати во Бундес лигата.

Мечот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер се игра во вторник со почеток до 20:45 часот.